Ракометарите на Металург покажаа дека се големи љубители на животните и се вклучија во акцијата на Анима Мунди „Сакај ги животните!“

Тимот од Автокоманда тоа го потврди и со пригоден календар за 2019/20 година, преку кој испратија порака – грижете се за животните и борете се против суровото однесување кон нив.

Металург ќе има и соодветна промоција на календарот во пресрет на новата сезона во Суперлигата.