Францускиот првак ПСЖ потврди дека Мауро Икарди е нивен нов фудбалер. Аргентинецот и „светците“ ставија потпис на договорот на неколку часа пред завршувањето на трансфер периодот во Европа.

Икарди сезонава ќе ја мине во ПСЖ како позајмица, додека следното лето ќе биде јасно дали Французите ќе го откупат неговиот договор или ќе се врати на Апенините.