Мауро Икарди ќе стане нов играч на француски ПСЖ во последните часови од летниот преоден рок, а тоа е и дефинитивно, откако само неколку часа по пристигнувањето на неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара во Париз и тој е „уловен“ како влегува на „Паркот на принцовите“ за да ја официјализира соработката со „светците“.

Интер јасно му даде до знаење на Икарди дека повеќе не смета на неговите услуги и беше јасно дека тој ќе си замине од клубот, а сега веќе се знае и која ќе биде неговата следна дестинација.