Реал Мадрид и ПСЖ разменија голмани. На пат кон Париз тргна 32-гпдишниот Кејлор Навас, кој ќе биде прв голман на францускиот првак. Во Мадрид пак на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот замина Алфонс Ареола.

Навас на стартот на минатата сезона беше резервна варијатна, откако пристигна Тибаут Куртоис од Челзи.

Хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ и официјално е промовиран во дресот на Рома. Италијанскиот тим го потврди овој трансфер, тој ќе игра една година како позајмен играч, а потоа челниците на клубот ќе можат да го откупат неговиот договор за осум милиони евра.