Доколку не се случи сензација во последните часови од преодниот рок денеска, Нејмар ќе остане играч на ПСЖ и во следната сезона.

Од тие причини управата на „светците“ бараше состанок со двете најголеми навивачки групи на францускиот првак и ги замоли да имаат милост кон Нејмар и да не го навредуваат Бразилецот.

„Булоњ бојс“ кои ги бие лош глас, ветија дека ќе се однесуваат индиферентно доколку Нејмар остане во тимот, додека вторите „Вираж Отеи“ не сакаа да откријат како ќе се однесуваат кон бразилскиот репрезентативец.

Со недели наназад се зборува и пишува за трансферот на Нејмар во Барселона, па потоа на сцена се појави и Реал Мадрид, но клубовите никако да се договорат, па се повеќе делува дека Бразилецот ќе остане уште една година во Париз.