Шок за Црвена Звезда. УЕФА на 19 септември ќе реши дали ќе има казна за српскиот шампион и дали таа казна ќе биде празен стадион на првиот меч дома од ЛШ со Олимпијакос.

УЕФА им замерува за низа пропусти на мечот со Јанг Бојс, на „Маракана“. Во бројните замерки на прво место се навивачите, екстремно користеле пиротехника, се фрлале предмети на теренот, имало недолично однесување на публиката, а такво однесување имало и кај играчите.

Во записникот стои и блоликање на скалите од трибините, со други зборови имало повеќе публика од капацитетот на стадионот.

Одлуката ќе биде донесена на 19 септември, ден после првиот меч во Минхен кога „црвено – белите“ му гостуваат на Баерн во групата во ЛШ. Како што се шпекулира во Белград, можно е клубот да биде казнет еден меч да игра пред празни трибини.