Најдобриот тенисер на светотот Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на УС Опен го заврши својот настап и нема да може да ја брани титулата. Поради повреда на левото рамо, која го мачи од самиот старт на турнирот, тој мораше да го предаде мечот на Швајцарецот Станислав Вавринка.

Ѓоковиќ мечот го предаде по водство од 2:0 (6:4, 7:5) во сетови и 2:1 во гејмови за Вавринка, по еден час и 49 минути игра.

Сега е веќе јасно дека УС Опен ќе добие нов шампион.

Вавринка во четвртфиналето ќе игра со Даниел Медведев, кој пат го елиминираше Германецот Доминик Кефер.