Фудбалерите тргнаа кон мисијата Израел, како што веќе објавивме со чартер лет ќе стигнат до Тел Авив, каде ќе ги чека автобус, кој ќе ги пренесе до македонската база Ашдат.

Атмосферата во редовите на нашиот најдобар тим е одлична, Елиф Елмас со селфи се одјави во Скопје и посака цел плен во овој квалификациски собир. „Дијамантот“ беше распложен, позираше пред авионот.