Мауро Икарди кој оваа сезона ќе игра како позајмен играч во ПСЖ со стил се поздрави од Интер и покрај фактот дека Аргентинецот и клубот водеа своја „војна“ во текот на целиот трансфер период.

По сите договори, преговори и инаетење на едната или другата страна Икарди синоќа потпиша договор со „светците“ со опција неговиот договор да биде ткупен за 70 милиони евра до крајот на сезоната.

Напаѓачот на својот Инстаграм профил испрати порака до Интер „Благодарам за се и збогум“, а притоа ја стави својата статистика во дресот на Интер – 219 натпревари, 124 погодоци и 39 асистенции.