Домаќинот на СП, Кина не успеа да го добие дуелот за првото место во групата А и уште по вториот меч да обезбеди место во следната рунда. Полска успеа да дојде до нови бодови, откако славеше со 79-76 по продолжение.

Поразот им падна тешко на сите, Кинезите беа во шок, тоа најдобро го покажа легендарниот кошаркар на оваа земја, Ванг Шипенг. Некогашниот репрезентативец е стручен коментатор во една од тамошните телевизиски куќи. На крајот не можеше да издржи, се расплака пред камерите.