Утринава во хотелот „Александар Палас“, селекторот на нашата У-21 репрезентација Благоја Милевски, ги собра нашите млади репрезентативци. Со тоа се означи и старт на подготовките за квалификацискиот меч за ЕВРО 2021 година против Фарски Острови. Натпревар кој го играме во Скопје на 10 овој месец. Со „островјаните“ го стартуваме и овој квалификациски циклус. Ммилевски може да биде задоволен, сите кои беа повикани дојдоа на прозивката.