Украинскиот великан Динамо Киев ќе биде првиот противник на младинскиот состав на Шкендија во новото издание на Младинската ЛШ под капата на УЕФА. Лигата во која се натпреваруваат младите категории на најпопуларните европски клубови почнува на 2 октомври, а денешната жрепка сакаше тетовци да се сретнат со киевскиот гигант.

Првиот меч Шкендија ќе го одигра на гости на 2 октомври, додека реванш средбата ќе биде во нашата земја на 23 октомври. Во случај да ја поминат првата рунда, младите фудбалери на Шкендија во 2. коло ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу грчки ПАОК и екипата на Бохемианс од Р. Ирска.