Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ги почнаа подготовките за натпреварот со Фарски Острови, со кои ќе ги отворат новите квалификации за пласман на ЕП.

Милевски пред себе има нова генерација на играчи, која треба добро да ја воигра и да се обиде да го повтори успехот пред две години кога се пласираше на ЕП.

Младите денеска ги почнаа мини подготовките за дуелот со Фарски Острови кој се игра на 10. септември.