Црна Гора нема да ја гледаме во нокаут-фазата. По оној пораз од Грција на стартот на Светското првенство, избраниците на Звездан Митровиќ не успеаја да дојдат до првата победа, беа поразени од Нов Зеланд со 83-93 (26-31, 18-22, 21-13, 18-27).

Вебстер со 25 поени, шест скока и седум асистенции беше најефикасен, зад него беше Фоту со 20 поени и 7 скока. Во редовите на поразениот тим Ивановиќ имаше 18 поени и 7 асистенции.

Четири технички грешки заработија на оваа средба Црногорците, кои на оваа средба поведоа двапати. Првото водство го имаа во воведните десет минути (19-16), додека пак второто во последниот период 67-66. За жал не успеаја да фатат ритам, Нов Зеланд играше поконкретно и посмирено, па во последните пет минути влезе со двоцифрена позитива.

На другата страна, Црногорците сигурно ќе имаат бројни замерки кон судиите, особено по оние четири технички грешки.

Во последниот меч од групата Ф, Црна Гора ќе игра против Бразил, додека пак Нов Зеланд против Грција.