Еурофарм Работник се соочува со првиот проблем во новата сезона. Словенечкиот среден бек Анже Ратајец се повреди на струшкиот турнир, па неизбежна беше операција која му беше извршена денеска во „Систина“.

„За него голем дел од сезоната е завршена и се предвидува дека ќе се врати на ракометните терени по новогодишните празници. Некогашниот ракометар на Горење и Тримо Требње требаше да биде големо засилување за битолчани во европските натпреварувања. Сепак, повредата драстично ги менува плановите на битолчани во продолжувањето на сезоната“, се вели во известувањето на Еурофарм Работник.

Битолскиот состав утре (20:45 часот) ќе дебитира во СЕХА-лигата, на домашен терен ја пречекува Спартак Москва.