Фановите на Црвена Звезда се разочарани од цената на билетите за дуелите во групната фаза во Лигата на шампионите. Српскиот тим е во група со Тотенхем, Баерн Минхен и Олимпијакос, за овие средби навивачите ќе треба да одвојат добра сума на пари.

Како што пишуваат тамошните медиуми за разлика од минатата сезона цената на билетите скокнала за 60% па дури и 100%. Влезниците кои чинеле 7.500 динари, сега истите може да се купат 12.000 динари, оние од 18.000 динари сега чинат 36.000 динари.

На социјалните мрежи може да се прочитаат најразлични коментари, дел од фановите се подготвени да подигнат кредит за да ја гледаат својата Звезда во ЛШ.

Србите направија и споредба, чудно но вистинито, картите за групаната фаза во ЛШ се поефтини во Лондон и Минхен.

(ФОТО: Курир.рс)