По бурните настани во изминатите неколку денови, по поразот во Велес и разделбата со сега веќе екс-стратегот Ќатип Османи, попладнево фудбалерите на Шкендија го одработија првиот тренинг под водство на Ерхан Селими. Тренерот кој до назначување на нов шеф на стручниот штаб, е задолжен да ја води екипата.

Колкав временски период ќе биде тоа сеуште не е познато, иако веќе на големо се шпекулира со имињата на можните кандидати. Инаку за потсетување Селими во април- мај 2017 година, исто така беше В.Д тренер на Шкендија, после тоа Османи седна на клупата, каде што беше се до 31 август.