Иако беше пред трансфер во неколку клубови, Марио Манџукиќ остана во Јувентус. Еден од најдобрите фудбалери во изминатите неколку години и дефинитивно не е во плановите на новиот тренер Маурицио Сари.

За тоа говори и денешниот „шок“ кој го доживеал Хрватот, откако дознал дека не бил пријавен на листата за настап во Лигата на шампионите.

Ова е навистина неочекувано, ако се знае дека Манџукиќ беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот првак, и секогаш до крај се бореше кога и да добиеше шанса.