Репрезентациите на Србија и Италија, односно Турција и Полска се полуфиналните двојки на Европското одбојкарско првенство во женска конкуренција.

Србинките кои први ја отворија четвртфиналната фаза во Анкара со леснотија ја елиминираа Бугарија во три сета. Единствено мака дамите на Зоран Терзиќ видоа во последниот сет, но и тој го решија во своја полза. Тијана Бошковиќ со 22 поени беше најефикасна во селекцијата на Србија.

Италија, пак, ја совлада Русија со 3:1 во сетови, со комплетен пресврт, во дуел кој траеше повеќе од два часа.

Турција пред својата публика ја елиминираше Холандија со 3:0, додека Полска со 3:2 ја совлада Германија во најинтересниот меч од оваа фаза.

Полуфиналните натпревари се играат на 7 септември, исто така во Анкара.

ЕП ОДБОЈКА ЖЕНИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Србија – Бугарија 3:0 (25:19, 25:18, 28:26)

Италија – Русија 3:1 (25:27, 25:22, 27:25, 25:21)

Турција – Холандија 3:0 (25:20, 25:22, 25:20)

Полска – Германија 3:2 (22:25, 25:16, 25:19, 17:25, 15:11)