Од Бер Шева, Израел

Игор Ивановски

Македонскиот национален тим без ниту еден тренинг во Бер Шева каде што ќе се игра натпреварот, ќе ја нападне селекцијата на Израел. Македонската експедиција е сместена во Ашдод, и таму ќе го одржи и денешниот официјален тренинг.

Ашдод е на час и пол од Бер Шева, и за да се избегне долгото патување, стручниот штаб одлучи денешниот тренинг исто да биде во Ашдод.

Вчера македонскиот национален тим го одржа тренингот во Ашдод. Тоа беше прва, и засега единствена подготовка на избраниците на Ангеловски по пристигнвуањето во Израел.