Унгарскиот прволигаш Дисоѓер е најверојатниот нов клуб на нашиот интернационалец Мирко Ивановски. Откако ја заврши одисејата во Хрватска каде настапуваше за екипите на Славен Белупо и Хајдук, напаѓачот е воз авршни преговори со унгарскиот тим.

Дисоѓер моментно по 5 одиграни кола во унгарската 1. лига се наоѓа при дното на табелата со скор од само 1 победа и дури 4 порази. Ивановски во Унгарија ќе се пресели како слободен играч, откако му заврши договорот со хрватски Хајдук.