Турскиот тренер Махмут Алпаслан иако промовиран пред само неколку дена, повеќе не е тренер на Шкупи. Од вчера, во тимот има ново тренерско име кое доаѓа од Турција, но има двојно државјанство, турско и белгиско.

Станува збор за Булент Акин, 41-годишен стратег кој во својата кариера бил фудбалер на Галатасарај, Денизлиспор и уште десетина други турски клубови, а еден дел од кариерата ја поминал и како играч на англиски Болтон.

Тој веќе одржал два тренинга со Шкупи и во продолжение треба да го води тимот од Чаир.