Љупче Дориев, напаѓачот на Академија Пандев по се изгледа отпаѓа од комбинација за утрешниот меч со Израел. По Аријан Адеми и Горан Пандев, сега и брзоногиот крилен-шпиц по се изгледа дека ќе биде надвор од било која варијанта да се најде во составот на нашата репрезентација.

Тој е повреден и на последниот тренинг трчаше само кругови. Сепак на тоа место селекторот Игор Агеловски има повеќе комбинации, секако дека тука се Трајковски, Маркоски, Велкоски, Стојановски…