Неочекувано, тимот на Баерн Минхен се најде во нови проблеми. Обвинителката Ане Леидинг од судот во Минхен поднесе обвинение против фудбалерот Жером Боатенг. Тој е под сомнение дека ја нападнал сопругата Шерин Сенлер со која е во брак 10 години.

Лиединг потврди дека истрагата е почната во 2018 година, но обвинението е донесено во 2019 година.

Полицијата наводно истражува и нов инцидент поврзан со Боатенг и со неговата сопруга кој се случил пред две недели.

„Полицијата моментално истражува уште еден случај за сомневање дека нанел повреди на истата жртва“, рече Леидинг.

Во меѓувреме правниот застапник на Боатенг дал изјава.

„Ова е приватна работа, која се базира на неосновани обвинувања од трета страна“, стои во соопштението.