Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, се соочи со нов проблем во пресрет на квалификациските дуели со Сан Марино и Шкотска во циклусот за пласман на ЕП 2020. Според белгиските медиуми, „Црвените ѓаволи“ се собраа за првпат оваа сезона вчера, а од денеска стана јасно дека Мартинез нема да смета и на браќата Азар, кои дошле на првиот собир повредени.

Торган и Еден Азар нема да бидат во опција за настап на дуелите на 6 и 9 септември.

Претходно Мартинез остана и без Аксел Витсел, Винсент Компани, Дедрик Бојата и Тимоти Кастање, кои исто така се повредени.