Иако соочени со проблеми, поради неиграњето на капитенот Горан Пандев, сепак позитивна атмосфера во нашиот репрезентативен табор. На последниот тренинг пред утрешниот дуел со Израел, четата на селекторот Игор Ангеловски беше добро расположена, со верба во себе и со решеност дека може да се дојде до добар резултат.

Фактот дека ќе го нема капитенот дава дополнителен мотив кај сите наши репрезентативци. Покрај Пандев селекторот Ангеловски за утре не ќе може да смета и на Дориев, а Адеми ќе се чува ако „златна резерва“ со оглед на тоа дека и тој не е целосно фит.