Зарем Јувентус има толку многу играчи, за да се откаже од проверени и квалитетни фудбалери во походот кон Лигата на шампионите? Вчера стана јасно дека Марио Манџукиќ не е во комбинација за натпреварите од европската „елита“, тренерот Маурицио Сари се реши да не го пријави ниту германскиот репрезентативец Емре Џан.

И ако за Манџукиќ не се очекуваше да биде пријавен, тогаш за Џан можеби некако беше очекувано, со оглед на големата конкуренција на таа позиција (Пјаниќ, Кедира, Рабио, Ремзи)…

Џан и Манџукиќ летово беа на излезна врата, но не го напуштија Торино и останаа дел од Јувентус.