„Иконата“ на Манчестер Јунајтед Пол Сколс, беше запрашан за стартот на сезоната во Премиер-лигата на својот некогашен тим. Тој истакна дека е разочаран од некои играчи, а јавно ги нападна Немања Матиќ и Пол Погба, но застана во одбрана на Хуан Мата.

„Против Саутемптон падна играта на Манчестер по излегувањето на Мата. Младите и ги разбирам, тие не треба, но може да грешат и поради нивното неискуство. Но, разочаран сум од постарите и поискусни играчи. Матиќ кога влезе, само ги даваше топките, исто и Ешли Јанг. Не знам колку пати Погба ја загуби топката. Тие се играчи кои се гледани од младите, и младите копираат од нив“, рече Сколс.

По стартната победа против Челзи, Манчестер Јунајтед три кола по ред не знае за триумф во Премиерлигата.