Скудерија Ферари со специјален настан на Пјаца Дуомо во Милано ја прослави 90-годишнината од своето постоење, како и 90-то издание на Гран при на Италија во Формула 1.

Фановите и поддржувачите на Ферари имаа можност да им се восхитуваат на некои од најважните автомобили во неговата историјата, како и 488 GTE кои триумфираа во последната 24 часа трка на Ле Ман во јуни.

Автомобилите, заедно со возачите се оние кои помогнаа во градењето на легендата на марката, па поради тоа Ферари одлучи да им даде подеднаков простор и внимание во прославата, која заврши со парада.