Машката одбојкарска репрезентација на Македонија која од 12 до 29 септември ќе не претставува на Европското првенство во Франција, Словенија, Холандија и Белгија, денеска во СРЦ „Кале“ го одработи последниот тренинг пред европската премиера.

„Спартанците“ последната проверка на силите ќе ја имаат во Виена против Австрија, потоа еден ден ќе одмораат во Марибор, а од 10 септември ќе се аклиматизираат во Љубљана каде ќе ги одиграат натпреварите од групата Ц.

„Не одиме со бело знаме, подготвени сме да се бориме против сите! Европа доаѓаме“ – порачаа репрезентативците на последниот тренинг во Скопје.