Неиграњето накапитенот Пандев може да биде голем проблем за нашата репрезентација на утрешното гостување во Бер Шева. Еден од новите членови на шпанската Ла Лига, Александар Трајковски, верува дека со игра како против Полска во Скопје и со карактер на победници, можеме да ги изненадиме домаќините.

„Отсуството на Пандев сигурно ќе се почувствува, но ние не се откажуваме. Не е исто кога тој игра, и кога не е тука со нас. Кој и да го замени ќе мора да даде над 100% од себе. Со она издание против Полска мислам дека можеме да победиме. Оној меч со Австрија не сакам да го коментирам, бидејќи тогаш се беше лошо. Со оној менталитет од дуелот со Полска може да очекуваме победа. Вечерва ќе го анализираме противникот, имаат некои промени, но ние треба најпрво да се фокусираме на нашата игра. Со карактер и менталитет на победници, треба да ја добиеме средбата“