Иако во последните денови од предниот рок се чинеше дека Барселона и ПСЖ се близу до договор, сепак желбата на Нејмар остана неисполнета.

Бразилецот следното лето одново ќе бара да се врати во „Наоу Камп“, но овој пат нема да се прашува францускиот првак, цената ќе ја одреди ФИФА.

Станува збор за период на заштита, како што пишува „Мундо Депортиво“. Откако ќе поминат новите 12 месеци, односно Нејмар ќе ја одработи третата година во дресот на ПСЖ, и притоа нема да потпише нов договор, ФИФА ќе се прашува за цената. Ова правило важи за играчи кои немаат откупна клаузула во договорите.

Според неофицијални извори, за слободата на Нејмар, Барселона до година ќе треба да плати 170 милиони евра.