Во групната фаза на Светското првенство видовме чудни натпревари, дел од ние топ-рангирани репрезентации на терен не ја оправдаа фаворитската улога. Ова го потврди Шпанија, едвај го совлада Иран со 73-65 (18-21, 15-10, 19-22, 21-12) во последниот меч од групната фаза.

„Црвената фурија“ го потцени противникот, а на Иран пак не му сметаше тоа, напротив, им одржа лекција на Шпанците, кои се тресеа до самиот крај. Клевер, Љуљ и Гасол во последната минута направија мини серија од 8-0 за 70-65 и дојдоа до третиот триумф на Мундијалот.

Марк Гасол со 16 поени и 6 скока беше најефикасен во своите редови, Клевер и Хернангомез имаа по 11 поени, на другата страна Мохамад имаше 15 поени.

Шпанија заврши на првото место во групата Ц, заедно со Порторико за противници во нокаут-фазата ќе ги имаат репрезентациите на Србија и Италија.

Во последниот меч од денешната програма на Мундијалот, Русија и Аргентина се пресметаа за првото место во групата Б. „Гаучосите“ славеа со 61-69. Во продолжение од првенството ќе играат против Венецуела и Полска.