Нашиот најдобар одбојкар, капитенот Никола Ѓоргиев со многу надежи и високи очекувања патува на ЕП.

„Бев скептик поради фактот дека од 9 јануари немавме официјален натпревар. Но, по она што го видов против Бугарија и Украина мислам дека сме на вистински пат. Имавме многу повреди, првпат во кариерата сум на еден собир со толку проблеми. Веќе 4-5 дена сме комплетни и се надевам дека здравјето ќе не послужи и ќе одиме со чисти глави. Подготовки беа на ниво на Бразил, секоја чест за ОФМ… благодарен сум за тоа, работевме заедно како целина и тој труд ќе излезе на виделина. Мислам дека имаме големи шанса, оваа екипа пет години играше на Ф4 во Европска лига по ред, а пласманот во следната фаза ќе го бараме против Финска, Белорусија и Турција. Имаме одлична генерација и одлична клупа и ветувам дека од Словенија ќе може да очекувате многу добри вести“, истакна капитенот Ѓоргиев.