Изоставувањето на Емре Џан од листата на играчи кои ќе играат во ЛШ за Јувентус, придонесоа фудбалерот да биде бесен на екипата која не му дозволила да си замине од тимот, во миговите кога за него имало интерес.

Џан, кој е на подготовки со германската репрезентација, истакна дека вакво нешто не очекувал и дека никој не му споменал дека ќе биде отпишан.

„Навистина шокантно. Повикот со кој ми ја соопштија одлуката не траеше ниту минута. Не ми дадоа објаснување. Навистина сум лут. Да ми го кажеа ова порано, немаше повеќе да бидам дел од Јувентус. Пред неколку недели имав понуда од ПСЖ, меѓутоа останав во Јувентус, а мојот услов беше да играм во ЛШ и тоа ми беше ветено. Сигурно дека ќе разговарам со челниците по моето враќање во Торино“, рече Џан.

Освен Џан, на листата на непријавени фудбалери се најде и Марио Манџукиќ.