Американска групација предводена од четворица милионери го превзема сопствеништвото над англискиот клуб Сандерленд, кој поради низата финансиски проблеми тонеше од сезона во сезона и сега е дел од третата по ранг лига на островот.

Тројцата мнозински сопственици, со поддршка од сопственикот на Дел Технолоџис, Михаел Дел, планираат сериозна финансиска инјекција во клубот, со која ќе може да се врати во најсилното англиско друштво.

Сандерленд последен пат беше дел од Премиер лигата во 2017 година, а шестпати бил и шампион на Англија, последен пат, минатиот век, односно 1936 година.