Кога станува збор за Израел и фудбалот таа е земја во која сеуште се чека историски пласман на нивната фудбалска репрезентација на едно големо натпреварување. Со децении се во златната средина но никако да мрднат кон врвот. Сакаат фудбал, инвестираат многу но по 1970 кога играа на СП па се до денеска нашите денешни ривали како да стојат во место. Кон средината на минатиот век беа многу блиску до пласман на СП 1998 но тоаш загубија од Австрија во пресуден момент кога денешниот нивни селектор Андреас Херцог им дал гол.

Иако им е во мислите по лошо сепак сега Херцог е тука да ја поправи „грешката“ и да го однесе Израел кон завршницата на ЕП 2020. Не не е лесно во група со Полска, Австрија, Словенија, Македонија и Летонија.

„Секогаш амбициите се пласман на ЕП или СП но ја немаме таа среќа. Можеби во овие квалификации. Тоа е возможно ако денеска ве победиме вас а во понеделник и Словенија на гости“, ни коментира новинарот Аси Маман од спортскиот портал „one.ci.il“.

БАРДИ ЗА МЕНЕ Е ВРВ… ТОЈ Е МАГИЧЕН

На нашето прашање со колегата од Израел за кој наш фудбалер има најмногу пофалби тој од прва „испука“:

“Енис Барди! Тоа е магичен фудалер. За мене тој е најдобар во вашиот состав. Сите го знаеме Пандев и за него не треба да трошиме зборови. Но Барди е Барди. Од него стравувам на денешниот меч, посебно ако му се укаже шанса да бие од слободен удар. Имате добар состав. Не сте како порано кога лесно и убедливо ве победувавме. По оној дуел во Скопје кога среќно победивме со 2:1 и поразот наш во Хаифа се сменија погледите кај сите нас кога зборуваме за Македонија“, коментира Маман кој беше дојден на тренингот на Македонија со специјална задача – Стефан Спировски.

ХАПОЕЛ ХАИФА Е СУПЕР ТИМ ЗА СПИРОВСКИ

„Дојдов да го следам вашиот тренинг и да го видам Стефан Спировски. Јaс ја објавив веста дека Хапоел Тел Авив е пред договор со фудбалерот на Ференцварош. Хапоел е голем клуб и идеална средина за Спировски. Моите информации вечат дека овој трансфер ќе се реализира многу брзо. Преодниот рок тука трае до 14 септември“.

ПОЛН СТАДИОН, ЗАХАВИ ПА СИТЕ ДРУГИ

Што ја очекува денеска Македонија во Бер Шеева!?

„Секако полн стадион. Ќе има околу 16.000 гледачи. Билетите се распродадени. Очекуваме победа но знаеме дека ќе биде тешко. Македонија е опасна иако има два порази во серија зад себе. Секако дека наша прва ѕвезда е Захави. Тој е машина за голови кој блеска во Кина каде за секој гол има награда од 25.000 долари. Тука во Израел тој е нашиот најдобар фудбалер. Дабур игра во Севиља но нема минутажа. Токму неиграњето на некои фудбалери за своите клубови е главен проблем за селекторот Херцог. Голем проблем за денеска е и голманскта позиција. Таму тројцата чувари на мрежата се во игра да го почнат натпреварот“, додава Аси Маман од Израел кој ни посака среќа за дуелот вечерва но и порака дека и да загубиме тоа нема да биде трагедија за Македонија.

Израел во овие квалификации дома има реми 1:1 со Словенија и победа од 4:2 над Австрија. На гости „тројка“ кај Латвиа (0:3), и пораз од Полска (4:0).