Повратникот на голот на Еурофарм Работник, нашиот репрезентативен чувар на мрежата Никола Митревски, ја има одбраната на премиерното коло. Од оние 10 фантастични интервенции на дуелот со Спартак (М) одигран вчера во Битола, една посебно се издвои. Со својот перформанс, нашиот репрезентативец покажа дека е во извонредна форма.