По синоќешниот последен тренинг, селекторот на репрезентацијата на Израел, Енди Херцог се соочил со уште еден проблем за денешниот дуел. Искусниот 31-годишен фудбалер на англиски Чарлтон, Берам Кајал се пожалил на повреда, по што неговата лева нога морала да биде бандажирана, а тој предвреме го завршил тренингот.

Израелските новинари велат дека искусниот играч за врска денеска може да почне само од клупата, но прашање е дали ќе има сили за да истрча на теренот и како замена. Кајал е еден од најискусните во репрезентацијата со 42 настапи и 2 постигнати гола.