Шкупи и официјално го потврди името на новиот стратег. Станува збор за 41-годишниот стратег Булент Акин, кој доаѓа на местото на Умит Каран.

Акин кој веќе два дена е со тимот од Чаир потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Новиот тренер на Шкупи во својата кариера бил фудбалер на Галатасарај, Денизлиспор и уште десетина други турски клубови, а еден дел од кариерата ја поминал и како играч на англиски Болтон.

Своето деби на клупата на Шкупи ќе го има против Силекс на 14 овој месец.