Легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио е нов фудбалер на Монако според пишувањата на италијанските медиуми.

Маркизио, кој со Јувентус има седум шампионски титули и четири Куп пехари во Италија, по скоро две децении настап, лани замина од тимот, по тешката повреда на коленото која му ја уназади кариерата.

Тој лани настапуваше за Зенит, со кој ја освои шампионската титула во Русија, а сега би можел да стане нов играч на францускиот тим.

Монако и Маркизио се пред договор, и наскоро се очекува негова промоција.