Неколку дена по затворањето на летниот трансфер период, фудбалската опсерваторија CIES открива некои нови бројки и извештаи за пазарот н афудбалери и начинот на кој се трошеа/инвестираа пари во последните 10 години.

Ако ги погледнеме бројките, некои спектакуларни изненадувања нема. Иако многумина би го ставиле ПСЖ како еден од клубовите кои најмногу трошеле пари во последната деката, парижани не се во ТОП 3.

ТОП 10 – Клубови со најмногу потрошени пари за засилувања од 2010 до сега:

  1. Манчестер Сити – 1,638 милијарди евра
  2. Барселона – 1,525 милијарди евра
  3. Челзи – 1,428 милијарди евра
  4. ПСЖ – 1,392 милијарди евра
  5. Јувентус – 1,272 милијарди евра
  6. Манчестер Јунајтед – 1.265 милијарди евра
  7. Реал Мадрид – 1,236 милијарди евра
  8. Атлетико Мадрид – 1,111 милијарди евра
  9. Ливерпул – 1,075 милијарди евра
  10. Интер – 968 милиони евра