Француски Л’екип открива дека трансферот на Нејмар во Барселона пропаднал поради проблематичниот Французин, Осман Дембеле, кој не сакал од каталонскиот гигант да замине во ПСЖ.

Офанзивецот не сакал да биде дел од трампата и толку тоа е една од главните причини поради кои Нејмар не се врати во Барселона.

Интересно е што Дембеле не ги оправда очекувањата кои Барса ги имаше за него, а сепак не сакаше да замине. Тој сезонава ќе биде во втор план со доаѓањето на Антоан Гризман на Камп Ноу. Исто така е познато дека доцни на тренинг, не го почитува клупскиот правилни, не пријавува повреди кај лекарскиот тим, па поради тоа и не е омилен во редовите на каталонскиот гигант.