Рафаел Надал обезбеди полуфинале на УС Опен со победата над Диего Шварцман во три сета. Шпанецот утрово славеше во последното четврфинале на турнирот против Шварцман со 6: 4, 7:5, 6:2 за два часа и 48 минути борба на теренот.

Диего Шварцман му даде голем отпор на Надал, успевајќи се во првите два сета да го испоти максимално. Во третиот сет, иако изгледа дека Надал го доби лесно, Шварцман повторно имаше своите шанси, но не успеа да ги искористи против фаворизираниот противник.

Шпанецот имаше проблеми со грчеви на подлактиците, но се чини дека ништо не треба да го загрижува за претстојниот натпревар и ќе може да се одмори и да се опорави за време на паузата. За местото во финалето, Надал ќе игра против Бератини од Италија, додека во второто полуфинале ќе ги гледаме Григор Димитров и Данил Медведев.