Илија Несторовски се најде во улогата на капитен на дуелот со Израел поради отсуството на Пандев. Тој вели дека бил пресреќен кога дознал дека ќе ја носи капитенската лента.

„Бев пресреќен кога ќе бидам капитен. Во клуб е една работа, а во репрезентација нешто друго. Огромна чест за мене“, изјави Несторовски кој за дуелот со Израел рече:

„Ги изненадивме Израелците, знаевме дека ќе тргнат офанзивно, бевме договорени да ги чекаме, и да ги искористиме тие полуконтри од каде што сме најопасни. За жал не ги искористивме. Привмивме гол, но оваа селекција уште еднаш покажа карактер, иако многумина не навредуваа после Австрија. Се вративме во игра, дадовме израмнувачки гол, потоа имавме и меч топка во 92 минута, за жал не успеавме да ја искористиме“, рече Несторовски.