Маурицио Сари конечно ќе седне на клупата на италијанскиот шампион Јувентус по паузата за репрезентативни натпревари. Веста за италијанскит весник „Газета дело Спорт“ ја потврдиле од торинскиот клуб.

Претходно, на 60-годишниот стратег му беше дијагностицирана пневмонија, поради што новиот тренер на клубот не можеше да ги води од клупата на стартот на првенството. Вчера Сари се појавил на тренинзите со остатокот од тимот.