Поранешниот напаѓач на Лестер Сити, Шинџи Оказаки го раскина договорот со Малага само 34 дена по потпишувањето, бидејќи клубот не можел да си дозволи да го задржи.

Договорот на Оказаки со Лестер истече на крајот на минатата сезона, по четири години поминати кај „Лисиците“, а тој потпиша едногодишен договор со шпанскиот второлигаш Малага на 30 јули.

Нешто повеќе од еден месец подоцна, јапонскиот напаѓач го раскина договорот, бидејќи неговите плати не можеа да бидат исполнети со буџет за плати предвиден од клубската управа.

Во изјавата на својот профил на Твитер, Оказаки рече: „Пред сè сакам да ви се заблагодарам за огромната љубов што ми ја дадовте за време на мојот престој. Не жалам за ништо, никогаш нема да го заборавам времето што го поминав со вас“.

Во Шпанија веќе се зборува дека негов следен клуб ќе биде Уеска.