За време на паузата поради квалификациските мечеви за пласман на ЕП 2020 година, македонските тимови слободните денови ги користат за одигрување на контролни мечеви.

Денеска во Кичево, екипата на Ренова во пријателски меч одигра 2:2 со тимот на Кастриоти, прволигаш од Албанија. Головите за „гипсарите“ беа дело на Љутви Билали и Ремзифаик Селмани.

Во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ предмалку заврши пријателската средба меѓу Работнички и Ал Хумрија од ОАЕ. Тимот од Градски парк, кој настапи со крајно комбиниран состав, загуби со 1:2. Стрелец  на голот за нашиот тим беше Јаго.