По најавата на „Спортмедиа“ дека Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во Израел, денеска израелските медиуми потврдуваат дека трансферот треба да биде финализиран најдоцна до утре.

Според информациите, Спировски се очекува да го комплетира трансферот во Хапоел Тел Авив по натпреварот кој нашата репрезентација ќе го одигра вечерва. Тоа значи дека пред заминувањето на репрезентацијата за Рига, Летонија, нашиот репрезентативец ќе седне на маса со преставниците на израелскиот клуб за да ја официјализираат соработката.

29-годишниот играч од средниот ред ги договорил деталите од соработката и ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона со Хапоел ТА.