Гостивар го најде кошаркарот за позицијата четири. Станува збор за Арсеније Вучковиќ ( 204 сантиметри), кој во изминатите десет дена беше на тест во „сино-белиот“ табор.

Овој 21-годишен кошаркар има настапувано во тимовите на Младост, Борец, Бања Лука и Студен од Мостар.

Со доведувањето на овој кошаркар, тренерот на Гостивар, Марјан Србиноски нема да го затвори ростерот, се бара замена за Брион Брејди, кој имаше кратка авантура во Македонија. Американецот не ги мина лекарските прегледи и веднаш беше вратен.